Македонски атлетичари на Европското првенство во Белград

Атлетската федерација на Македонија ќе настапи со двајцата најдобри натпреварувачи во атлетика на претстојниот европски шампионат во сала, што од 3 до 5 март годинава ќе се одржи во Белград и на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА.


Директорот на Агенцијата за млади спорт Марјан Спасески, по тој повод денеска се сретна со претседателот на Атлетска федерација на Македонија Крсте Серафимовски и двајцата најдобри млади атлетичари по постигнати резултати за 2017 година Сашо Голубиќ (1995), кој ќе настапи на 60 метри и Мартина Мироска (1998), која ќе настапи во скок во далечина.

Спасески рече дека атлетиката во нашата земја е во континуиран развој, а Владата преку ресорните институции силно вложува и во делот на подобрување на спортската инфраструктура и овозможување услови за развојот на овој спорт.

- Се изгради најсовремена атлетска патека по сите светски стандарди на Националната арена „Филип Втори Македонски“, на која се одржа и Европскиот куп во трчање на 10 километри, изјави Спасески.

Посочи дека АМС има одлична соработка со Атлетската федерација на Македонија која финансиски ја поддржува со вкупно 1.660.000 денари за подготовки и учество на Светско првенство за сениори во Лондон, Европското првенство за сениори во сала во Белград, Светското првенство за млади во Најроби, Евроспкото првенство во планинско трчање во Камник и Светското првенство во планинско трчање во Прамена, Италија.
- Финансиска поддршка има и за Организација на системот на натпревари, за организација на меморијалниот атлетски митинг “Лазо Милошески”, за Скопскиот маратон, како и за спроведување на соодветни допинг-контроли. На нашите репрезентативци им посакувам успешен настап и се надевам дека во одлично светло ќе не претстават на ова Европско првенство, изјави Спасески.

Локални власти: Три лица загинаа во руски напади на југот на Украина

Најмалку три лица загинаа синоќа, а 20 се ранети во руските напади во областа Днепропетровск на југот на Украина, соопштија локалните власти.

„Во Днепар гори петкатна зграда. Под урнатините може да има луѓе“, напиша на својата канал на Телеграм регионалниот гувернер Сергиј Лисак.

Во Русија, гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека 25 проектили биле соборени во близина на украинската граница.

Нема информации за повредени, напиша Гладков на Телеграм, додавајќи дека се оштетени неколку згради. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 709 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од кои „реални“ повици биле 49,68 отсто, а 50,32 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полиција биле упатени 71,16 отсто, кон итната медицинска помош 23,72 проценти, а кон пожарникарите 1,86 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека изминатите 24 часа нема пожари на отворен простор.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

МААЕ: Нема штета на нуклеарните постројки во Иран

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки, откако Израел изврши одмазнички напади. 

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме двете страни на екстремна воздржаност. Нуклеарните објекти никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти“, се вели во соопштението на МААЕ на IX (Твитер).

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Потоа Израел предупреди дека ќесе одмазди за нападот со стотици проектили и беспилотни летала, од кои најголемиот дел без пресретнати од противвоздушната одбрана. Инаку, нападот на Иран врз Израел беше одмазда за нападот врз иранскакиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа неколку високи офицери. Иран за нападот во Сирија го обвини Израел, а Тел Авив ниту потврди ниту демантираше дека стои зад нападот. /МИА

притисни ентер