Ристевски остана без пласман на слаломот во Сент Мориц

Македонскиот скијач Антонио Ристевски остана без пласман на слаломот што денеска се одржува во Сент Мориц во рамките на Светското првенство во алпски дисциплини.



Тој не успеа да ја заврши првата трка и е во групата од 30 натпреварувачи, кои немаат пласман, инаку вкупно 32 скијачи не ја завршија оваа трка бидејќи двајца беа дисквалификувани.

Стартот на втората трка е во 13 часот, а најадобро време по првата трка постигна Марсел Хиршер од Австрија 46.43 секунди. На второто и третото место се наоѓаат неговите сонародници Марко Шварц и Михаел Мат.

Денешниот слалом е последната дисциплина на Светското првенство.
притисни ентер