Македонските скијачи останаа без пласман на квалификацискиот велеслалом во Сент Мориц

На Светското првенство во скијање во алпски дисциплни што се одржува во Сент Мориц денеска се возеа квалификациските трки во велеслалом во машка конкуренција, а Македонија имаше четири претставници и ниту еден не оствари пласман со завршени две трки.


Лука Божиновски не ја заврши првата трка, а дисквалификација во првата трка имаше Виктор Петков. Антонио Ристовски првата трка ја заврши на 61. место, но не стартуваше на втората трка, додека Марјан Нашоку не ја заврши втората трка.

На стартот во квалификациите се појавија 127 скијачи, а пласман постигнаа 75.

Денеска настап на главната велеслаломска трка кај жените имаше и македонската скијачка Лидија Симјановска, но таа остана без пласман бидејќи беше дисквалификувана. Таа утре ќе настапи и во квалификациите за слалом.

Во сабота во квалификациите за слалом кај мажите ќе се појават четворица македонски скијачи: Лука Божиновски, Антонио Ристовски, Дардан Дехари и Воислав Синадиновски.

Сите настинки не се ковид, како да се лекуваат децата?

Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, бидејќи сезоната на грипот и настинките е на прагот.

Не секоја покачена температура значи дека детето се заразило со КОВИД 19, велат лекарите кои апелираат до родителите да не се упатуваат веднаш кон ординациите, туку најпрво телефонски да се консултираат со матичниот доктор, кој треба да е достапен за своите пациенти, или да има друг лекар кој го заменува.Температурата значи дека има борба, се остава да се избори организмнот два три дена, но мора да се контактира со матичниот лекар, да се рехидрира детето...

Дел од родителите, особено за време на викенд, плашејќи се за здравјето на своето дете, се упатуваат во Клиниката за детски болести. Но, поради заштита на дечињата што се лекуваат во оваа болница, а имаат сериозни заболувања, сите пациенти со висока температура, според протоколот, се праќаат на преглед во Институтот во Козле, кој е и Ковид- центар.

Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, бидејќи сезоната на грипот и настинките е на прагот, а симтомите на вирусните инфекции се слични на оние на коронавирусот.

Парламентот до крајот на септември ќе треба да ги потврди одлуките на Пендаровски за вонредна состојба!?

Речиси два месеци од конституирањето на Собранието одлуките на претседателот на Стево Пендаровски за вонредна состојба се уште стојат непотврдени од пратениците. 

Иако од Вила Водно до кабинетот на Талат Џафери одлуките се испратени веќе одамна собранискиот спикер се уште не ги има ставено на дневен ред.

Нема прецизна информација кога пратениците ќе расправаат за потврда на прогласувањето вонредна состојба. Од кабинетот на Талат Џафери велат ќе информираат навремено кога претседателот ќе свика седница. Неофицијално, од парламентарното мнозинство велат одлуките ќе се најдат на седница до крајот на месецов.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели тие ќе гласаат за потврда на одлуките на Пендаровски и за тоа ќе изнесат аргументи на седницата. Координаторот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски вели денеска добиле најава дека одлуките на седница ќе се најдат на 29-ти септември. Но, како ќе гласа опозицијата останува неизвесно. Мицевски вели додека дел од претседателските одлуки ќе ги поддржат, за нив особено спорни се последната и претпоследната одлука на Пендаровски бидејќи, како што велат, не бил донесени со консултација на сите политички партии. Неизвесен е и ставот на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Уставот не прецизира со какво мнозинство треба да се верификуваат претседателските одлуки. Што би значело дека собраниските служби ќе пресечат дали „за“ треба да гласат 61 или 80 пратеници, иако претходно Џафери беше дециден дека за одлуката потребно е довтретинско мнозинство.. Доколку тоа биде случај, потврдата на одлуките е неизвесна, бидејќи од опозициските партии нема јасен став како ќе глас.

Инаку, претседателот Пендаровски во последното интервју дадено за Канал 5 предупредува дека непотврдувањето на неговите одлуки може да имаат сериозни последици.

Пендаровски поради епидемијата од коронавирусот донесе пет одлуки со кои прогласи вонредна состојба во периодот од 18-ти марти до средината на јуни.

Приведен скопјанецот што нападна лекар на токсикологија

Родителот кој вчера физички нападна дежурен лекар на Клиниката за токсикологија е пронајден и приведен.

Станува збор за 32 годишен скопјанец со иницијали С.И. против кого ќе биде поднесена пријава, информираат од полицијата. Нападнатиот лекар е во добра здравствена состојба. Тој се здобил со неколку хематоми и исеченици, а откако му била укажана помош бил пуштен дома.

Инцидентот се случил кога родителот го однел своето малолетно дете на преглед, а докторот му кажал дека тие не работат со деца помали од 14 години и треба да се обратат на Педијатрија, информираше директорот на Клиниката за Токсикологија Нагип Зумбери.

Лекарите од оваа Клиника кои ги контактираше Канал 5 велат дека често се мета на напад, а нема кој да ги одбрани, истото го потврди и директорот Зумбери, кој рече дека иако повеќе пати добивале ветувања уште немаат обезбедување.

Осуда за нападот и расчистување на случајот преку Фејсбук побара и министерот за здравство Венко Филипче. Тој пред неколку недели во емисијата “Само вистина” рече дека проблемот лежи во недоволниот број на вработени во службата за обезбедување во Клиниката.

“Ние имавме повеќе состаноци и со преставници на МВР. Веќе има една служба во рамките на Клиничкиот центар која не е функционалана, затоа што нема доовлен број на луѓе кои се распределени на неколку места и тоа не е доволно бидејќи Клиниката е голема и фреквенцијата на луѓе е голема која доаѓа во овие болници. Имаме план сериозно внимание ќе обрнеме сега овој период кој што доаѓа, се полека заживува и ги заживуваме проектите кои ги запревме.” истакна Венко Филпче – Министер за здравство .

Според законот, следи казна од 1-10 години затвор за нанесување тешка телесна повреда на здравствен работник. Тој кој ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник – парична казна или казна затвор до 3 години.

-За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. – напиша министерот.

притисни ентер