Триумф на Кливленд на гостувањето кај Минесота

Шампионот на НБА лигата Кливленд постигна победа ноќеска на гостински терен против Минесота.
Во текот на дуелот двете екипи имаа водство, но сепак во последниот период Кливленд прими само 15 поени што беше еден од факторите за победата.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кај Кливленд заедно постигнаа 50 поени (двајцата по 25) со 21 асистенција, додека најефикасен на дуелот беше Ендрју Вигинс од Минесота со 41 поен.

Чикаго ја продолжи победничката серија над Торонто откако го совлада на домашен терен и има низа од 11 победи, додека Сакраменто предводен од ДеМаркус Казнс, кој имаше 40 поени и 12 скока оствари минимална победа над ЛА Лејкерс.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Минесота – Кливленд 108:116,
Чикаго – Торонто 105:94 и
ЛА Лејкерс – Сакраменто 96:97.

Пласман Источна конференција: Кливленд 38-16(победи-порази), Бостон 36-19, Вашингтон 33-21, Атланта 32-23, Торонто 32-24, Индијана 29-26, Чикаго 27-29, Детроит 26-30,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-9, Сан Антонио 42-13, Хјустон 40-17, ЛА Клиперс 34-21, Јута 34-22, Мемфис 34-23, Оклахома Сити 31-25, Денвер 25-30,.../МИА

Фото: Европскиот шампион Вардар пристигна во Келн

Ракометарите на Вардар денеска пристигнаа во Келн каде викендов ќе ги играат натпреварите на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Вардарци кои ќе ја бранат титулата се првиот тим што пристигна во германскиот град. Доаѓањето на другите три полуфиналисти, сите се од Франција, е најавено за попладне.

За денеска планиран е и првиот тренинг, пред саботниот полуфинален меч со Монпеље.

Македонскиот шампион се надева дека ќе биде првиот тим што ќе го одбрани шампионскиот трофеј во ЛШ.

Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер.

Фудбалскиот стручњак потпиша тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис пред неколку часа соопшти дека ја прекинале соработката со тренерот Маурицио Сари.

Анчелоти претходно беше тренер на Парма, Милан, Јувентус, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и последно во Баерн Минхен. За него ова ќе биде прво враќање во Серија А по девет години.

Наполи заврши на второто место во Серија А  и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите./МИА

Леконт: Ѓоковиќ веднаш требаше да го оперира лактот

Поранешниот француски тенисер Анри Леконт изјави дека проблемот на Новак Ѓоковиќ е од ментална природа и се забележува дека не ужива на теренот. 

Според Леконт, најдобриот српски тенисер донел лоша одлука кога станува збор за неговото лечење и веднаш требало да замине на операција на лактот.

- Проблемот на Ѓоковиќ е од ментална природа. Мора да бидете решителни и да уживате во процесот на враќање. Се сомневам дека тој ужива на теренот, а треба да верува и да си докаже на себеси дека тоа е можно. Тој е одличен играч и мора повторно да освојува големи натпревари, но факт е дека не се врати на вистинскиот начин, потенцира поранешниот француски тенисер.

Според него за Ѓоковиќ не би било добро повторно да соработува со Борис Бекер.

- Најголемата грешка на Ѓоковиќ беше тоа што премногу долго ја одложуваше операцијата  на лактот, истакна Леконт.

Ѓоковиќ по тешкиот старт во 2018 година и по разочарувачките резултати, конечно на турнирот во Рим почна да игра на повисоко ниво, но се уште далеку од неговите најдобри периоди./МИА

притисни ентер