Ерни сензационален победник во комбинација на СП во Швајцарија

Ерни Лука им донесе голема радост на швајцарските навивачи по денешната победа во дисциплината комбинација на Светското првенство во Сент Мориц.


Ерни кој досега никогаш не освоил место на подиумот во Светскиот куп, спустот и слаломот ги извози со вкупно време 2:26.33 минути, и за само 0.01 секунда беше побрз од големиот фаворит Марсел Хиршер од Австрија кој мораше да се задоволи со сребрениот медал.

Уште еден Швајцарец се најде на подиумот. Мауро Кависел со заостанување од шест стоти делови од секундата на крајот заврши на третото место и го освои бронзениот медал.

Швајцарците се најуспешна нација во досегашниот тек од шампионатот. Досегашни освојувачи на медали:

1. Швајцарија 6 (3 златни+1 сребрен+2 бронзени);
2. Австрија 5 (1+2+2);
3. Канада 3 (1+1+1);
4. Словенија 1 (1+0+0);
5. Лихтенштајн 1 (0+1+0);
5. Норвешка 1 (0+1+0);
7. Сад 1 (0+0+1). 
притисни ентер