Словенката Илка Стухец победничка на спустот во Сент Мориц

Словенечката скијачка Илка Стухец е победничка на спустот што денеска се возеше во Сент Морц во рамките на Светското првенство во алпско скијање.
Таа спуст патеката ја мина за 1:32.85 минута. Ова за неа е прв медал (златен) од Светските првенства, а вкупно шеста победа, бидејќи има и пет први места во Светскиот куп.

Второто место и среброто и припадна на Стефани Вениер од Австрија која имаше заостанување од 40 стотинки, додека третопласирана заврши Американката Линдзи Вон со пет стотинки послабо време од Вениер. Вон го освои бронзениот медал.

За денеска во Сент Мориц доколку дозволат и временските услови предвидено е да се одржи и машкиот спуст. 

Иниеста дебитираше со пораз на Висел Кобе

Андрес Иниеста дебитираше во јапонскиот шампионат, но неговиот клуб Висел Кобе на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0:3 од Шонан.

Иниеста влезе во игра во 59-та минута при резултат 0:2, но не успеа да внесе промена во лошата игра на неговите соиграчи и до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Дебито на шпанскиот фудбалер беше поздравено од присутните гледачи во Кобе со стоечки овации. /МИА

Бизарна трка во Лондон, водечката натпреварувачка застана без причина (видео)

Необична ситуација се случи на трката на 3.000 метри за жени на атлетскиот митинг во Лондон, откако водечката натпреварувачка на половина круг до целта едноставно престана да трча и застана.

Во трката, која не се бодуваше за од Дијамантската лига победи Лилијан Касаит Ренгерук од Кенија, иако водечка натпреварувачка беше Фанту Ворку од Етиопија која на 200 метри од целта застана како трката да завршила и да победила.

Атлетичарката како што подоцна беше утвдено не била ниту повредена, ниту пак имала некаков друг проблем, туку згрешила мислејќи дека трката е завршена.

По ова сите останати атлетичарки ја поминаа, а 19-годишната Ворку на крајот остана без пласман.

Легендарниот атлетичар Мајкл Џонсон, кој како стручен консултант ја коментираше трката за Би-Би-Си, наведе дека досега не видел такво нешто и дека е бизарно.

 

Тухел: Тимот не е комплетен и затоа не сум среќен

Фудбалерите на Пари Сен Жермен беа поразени со 3:1 од Баерн Минхен на Интернационалниот куп на шампионите во Клагенфурт.

Претходно, ПСЖ загуби и во пријателски натпревар со Шамбли, а новиот тренер на парискиот клуб Томас Тухел и тогаш настапи со комбиниран состав од млади и неискусни играчи.

Тухел уште извесен период нема да го има на располагање комплетниот состав, бидејќи Нејмар, Едисон Кавани и Килијан Мбапе, по настапот за нивните репрезентации на Светското првенство во Русија, сега се на одмор.

- Имаме исклучително силен напад со Нејмар, Кавани и Мбапе, па затоа и се радувам на идната соработка со нив. Но, ќе мора да почекаме уште малку, бидејќи доста играа на Светското првенство. За жал тие ќе доцнат, а првенството ќе почне рано. Секако дека не сум среќен поради тоа, истакна Тухел.

Додека не дојдат останатите главна ѕвезда во тимот е новиот голман Џанлуиџи Буфон.

За фудбалерите на ПСЖ француското првенство ќе започне на 12 август, а во првото коло ќе играат против Каен. /МИА

притисни ентер