Червар го скрати списокот на 21 ракометар

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на Светското првенство 2017 во Франција.

По завршувањето на првата фаза од подготовките во Маврово, Червар ги избра ракометарите на кои ќе смета за втората фаза од подготовките во Скопје и пријателските натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Поради настапот на Младинците Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна и Херцеговина, Червар се одлучи за 21 ракометар:

1.Кирил Колев
2. Благојче Трајковски
3. Никола Митревски
4. Дејан Манасков
5. Гоце Ојлески
6. Гоце Георгиевски
7. Мартин Поповски
8. Стојанче Стоилов
9. Никола Маркоски
10. Жарко Пешевски
11. Велко Маркоски
12. Филип Талески
13. Марко Неловски
14. Кирил Лазаров
15. Филип Лазаров
16. Филип Миркуловски
17. Стефан Дрогришки
18. Ристо Арнаудовски
19. Ласко Андоновски
20. Мартин Велковски
21. Влатко Митков.

Дополнително, за подготовките во Скопје, Червар го повика голманот Никола Митревски. Конечниот список на патници на СП ќе биде познат по Божикните празници.
Репрезентацијата ќе продолжи со редовни тренинзи в понеделник (2 јануари), а трите натпревари против Босна и Херцеговина ќе се играат на 3,4 и 5 јануари 2017 година.
Првиот пријателски меч ќе се одигра во СРЦ „Кале“ и ќе биде отворен за посетители, додека останатите два натпревари ќе бидат од затворен карактер. 

Рамос му посака брзо закрепнување на Салах

Серхио Рамос го искористи својот Твитер профил за да искаже сочувство кон повредениот Мохамед Салах. 

Дефанзивецот на Реал Мадрид и нанесе повреда на ѕвездата на Ливерпул во средината на првото полувреме по груб боречки дуел, а потоа Шпанците победија со 3: 1 во финалето на Лигата на шампионите.

- Понекогаш фудбалот ви ја покажува добрата страна, а понекогаш и лошата. Пред се, ние сме професионалци и сакам да му посакам брзо закрепнување. Салах, иднината те очекува, напиша тој.

По натпреварот, Рамос ги негираше гласините дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Мадрид. Тој тврди дека Португалецот нема да најде посилен тим од Реал. /МИА

Кариус: Го предадов тимот

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.

- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.

Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.

- Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус. /МИА

Клоп: Пропуштивме голема шанса

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дефинитивно не беше расположен за коментари по поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите во Киев со 1:3.

„Црвените“ го почнаа подобро натпреварот, но потоа го загубија Мохамед Салах, а голманот Лорис Кариус направи голема грешка и му овозможи на Карим Бензема да го отвори резултатот. Ливерпул израмни, но резервата Герет Бејл повторно ја врати предноста на Реал, а нова грешка на Кариус по удар од далечина на Велшанецот го реши исходот од натпреварот.

- Момчињата се обидоа со се, но тоа не беше најдоброто сценарио што ни се случи вечерва. Се беше многу убаво до оваа вечер. Имавме голема шанса, но не успеавме да ја искористиме. Тоа е. Никогаш нема да дознаеме што ќе се случеше ако Мо Салах останеше на теренот, прокоментира Германецот.

Менаџерот на Ливерпул го израмни антирекордот на Ектор Купер и Арсен Венгер, откако Ливерпул загуби во финалето. Германецот стана третиот менаџер во историјата, кој ги губи првите три финалиња во европските клубски турнири.

За Клоп, поразот во финалниот меч исто така е шести од вкупно седум финалиња, во кои тој бил тренер. /МИА

притисни ентер