Карпош Соколи домаќин на Морнар

Македонскиот претставник во кошаркарската АБА лига, тимот на Карпош Соколи вечерва ќе го одигра својот натпревар од 16.коло во регионалното натпреварување.

„Соколите“ вечерва во терминот од 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекуваат црногорскиот тим Морнар.

Ова е еден од трите натпревари кои се играат денеска. Во првиот во Подгорица, Будуќност ја пречекува екипата на Мега Лекс, додека во Загреб, Цибона е домаќин на Партизан.

По овие средби ќе следува два дена пауза на новогодишните празници по што веќе во вторник (2 јануари 2017) ќе се играат нови три средби.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во СЦ „Јане Сандански“ ќе игра против хрватскиот првак Цедевита, додека во другите два меча ќе играат, Партизан - Задар и Олимпија – Игокеа.

Колото ќе биде комплетирано во вторник (3 јануари) со натпреварот меѓу ФМП и Крка.

Табела: Црвена Звезда 15-0 (победи-порази), Партизан 12-3, Цедевита 10-5, Будуќност 10-5, Цибона 10-5, Игокеа 8-7, Олимпија 7-8, Задар 6-9, Морнар 5-10. Крка 5-10, Мега Лекс 5-10, ФМП 4-11, Карпош Соколи 4-11, МЗТ Скопје 4-11,

Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги уште две години ќе остане на селекторското место во Шпанија, соопшти тамошниот фудбалски сојуз.

Поранешниот голман на „црвената фурија“ ќе продолжи да работи до следното Европско првенство.

- Ние напорно работиме две години. Сега ја продолжуваме истата приказна, изјави Лопетеги.

Пред да ја преземе селекторската функција, работел како тренер во Порто, Реал и Рајо Ваљекано, а беше и предводник на младите шпански селекции до 19, 20 и 21 година.

за Порта, но исто така и како младински селектор, младински избор на Шпанија (У19, У20, У21), другиот тим на Реал Мадрид и Рајо Валекано.

Во пресрет на Мундијалот во Русија, селекторскиот договор го продолжија и селекторите на Германија Јоаким Лев и на Белгија, Роберт Мартинез.

Ловрен: Подготвен сум да го сопрам Роналдо

 Дефанзивецот на Ливерпул Дејан Ловрен изјави дека е подготвен да го чува најдобриот играчи во светот, Кристијано Роналдо и да придонесе за победата на својот тим над Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Хрватскиот стопер често беше критикуван за пропусти, но со голема доза на доверба го чека мечот со Реал.

- Иако имаше лоша сезона во Примера, Роналдо постигна 30 голови, го почитуваат и е еден од најдобрите светски напаѓачи. Пред мене е предизвик, ама јас сум подготвен да го запрам, изјави Ловрен за британските новинари.

Ливерпул оваа сезона во Лигата на шампионите прими 13 гола, додека Роналдо постигна 15, погодуваше речиси на секој меч, освен на последниот против Баерн Минхен.

Финалето Реал Мадрид - Ливерпул ќе се игра в сабота (26 мај) на Олимпискиот стадион во Киев. 

Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

притисни ентер