Ракометната репрезентација ги почна подготовките за Светското првенство во Франција

Машката ракометна репрезентација денеска ги почна подготовките за Светското првенство во Франција. Првата фаза ќе се одработи во Маврово, каде од денеска претстојува и дел од репрезентацијата, а таму избраниците под водство на селекторот Лино Червар ќе работат до 30декември.


Во втората фаза Македонија ќе тренира во Скопје во СРЦ „Кале“ од 2.јануари до 10.јануари кога се патува за Мец. Според програмата ќе бидат одработени 34 тренинзи, а ќе бидат одиграни и три контролни дуели со Босна и Херцеговина во Скопје.

Последни на репрезентацијата ќе и се приклучат играчите од Бундес лигата: Дејан Манасков и Филип Миркуловски, а на подготовките „ќе доцнат“:Кирил Лазаров, Стојанче Стоилиов, Гоце Георигиевски,...

- Треба мудро да работиме од причина што имаме силна група: Тунис, Шпанија, Словенија, Исланд и Ангола. Пласман во вториот круг ќе биде успех. Јас го сакам предизвикот и тоа може да не мотивира многу, истакна селекторот Лино Червар на вчерашната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, каде ја презентираше програмата за подготовките.

Заедно со најдобрата репрезентација во Маврово ќе се подготвува и јуниорската репрезентација на Македонија која од 4 до 6 јануари 2017 година ќе биде домаќин на група (се игра во Скопје „СРЦ Кале“) од квалификациите за пласман на Светското првенство во Алжир за играчи до 21 година. Во комбинација за настап на овие квалификации има неколку играчи кои се и на подготовки со најдобрата репрезентација. 

Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги уште две години ќе остане на селекторското место во Шпанија, соопшти тамошниот фудбалски сојуз.

Поранешниот голман на „црвената фурија“ ќе продолжи да работи до следното Европско првенство.

- Ние напорно работиме две години. Сега ја продолжуваме истата приказна, изјави Лопетеги.

Пред да ја преземе селекторската функција, работел како тренер во Порто, Реал и Рајо Ваљекано, а беше и предводник на младите шпански селекции до 19, 20 и 21 година.

за Порта, но исто така и како младински селектор, младински избор на Шпанија (У19, У20, У21), другиот тим на Реал Мадрид и Рајо Валекано.

Во пресрет на Мундијалот во Русија, селекторскиот договор го продолжија и селекторите на Германија Јоаким Лев и на Белгија, Роберт Мартинез.

Ловрен: Подготвен сум да го сопрам Роналдо

 Дефанзивецот на Ливерпул Дејан Ловрен изјави дека е подготвен да го чува најдобриот играчи во светот, Кристијано Роналдо и да придонесе за победата на својот тим над Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Хрватскиот стопер често беше критикуван за пропусти, но со голема доза на доверба го чека мечот со Реал.

- Иако имаше лоша сезона во Примера, Роналдо постигна 30 голови, го почитуваат и е еден од најдобрите светски напаѓачи. Пред мене е предизвик, ама јас сум подготвен да го запрам, изјави Ловрен за британските новинари.

Ливерпул оваа сезона во Лигата на шампионите прими 13 гола, додека Роналдо постигна 15, погодуваше речиси на секој меч, освен на последниот против Баерн Минхен.

Финалето Реал Мадрид - Ливерпул ќе се игра в сабота (26 мај) на Олимпискиот стадион во Киев. 

Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

притисни ентер