Розберг со пол-позиција во Сузука

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ја освои пол-позицијата пред главната трка од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Јапонија.
За Германецот ова е осма пол-позиција оваа сезона или вкупно 30. во кариерата.

Тој во квалификациите утринава извози најбрз круг на „Сузука“ со време 1:30.647 минути. Само 0.013 секунди побавен беше Луис Хаилтон (Мерцедес) кој ќе тргне од втората позиција на утрешната главна трка.

Од вториот ред стратуваат возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

По нив следуваат Макс Верстапен и Даниел Рикијардо од Ред Бул. Серхио Перез од Форс Индија стигна до седмата позиција, Роман Грожан од Хас е осми, Нико Хулкенберг (Форс Индија) деветти, Естебан Гутиерез на 10. место.

Главната трка е утре со почеток во 7 часот наутро по македонско време.

Рамос му посака брзо закрепнување на Салах

Серхио Рамос го искористи својот Твитер профил за да искаже сочувство кон повредениот Мохамед Салах. 

Дефанзивецот на Реал Мадрид и нанесе повреда на ѕвездата на Ливерпул во средината на првото полувреме по груб боречки дуел, а потоа Шпанците победија со 3: 1 во финалето на Лигата на шампионите.

- Понекогаш фудбалот ви ја покажува добрата страна, а понекогаш и лошата. Пред се, ние сме професионалци и сакам да му посакам брзо закрепнување. Салах, иднината те очекува, напиша тој.

По натпреварот, Рамос ги негираше гласините дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Мадрид. Тој тврди дека Португалецот нема да најде посилен тим од Реал. /МИА

Кариус: Го предадов тимот

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.

- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.

Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.

- Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус. /МИА

Клоп: Пропуштивме голема шанса

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дефинитивно не беше расположен за коментари по поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите во Киев со 1:3.

„Црвените“ го почнаа подобро натпреварот, но потоа го загубија Мохамед Салах, а голманот Лорис Кариус направи голема грешка и му овозможи на Карим Бензема да го отвори резултатот. Ливерпул израмни, но резервата Герет Бејл повторно ја врати предноста на Реал, а нова грешка на Кариус по удар од далечина на Велшанецот го реши исходот од натпреварот.

- Момчињата се обидоа со се, но тоа не беше најдоброто сценарио што ни се случи вечерва. Се беше многу убаво до оваа вечер. Имавме голема шанса, но не успеавме да ја искористиме. Тоа е. Никогаш нема да дознаеме што ќе се случеше ако Мо Салах останеше на теренот, прокоментира Германецот.

Менаџерот на Ливерпул го израмни антирекордот на Ектор Купер и Арсен Венгер, откако Ливерпул загуби во финалето. Германецот стана третиот менаџер во историјата, кој ги губи првите три финалиња во европските клубски турнири.

За Клоп, поразот во финалниот меч исто така е шести од вкупно седум финалиња, во кои тој бил тренер. /МИА

притисни ентер