Собир на младинската ракометна репрезентација за ЕП во Данска

ВД Селекторот на Машката младинска репрезентација на Македонија (У20), Александар Јовиќ, објави список од 16 ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата, за почеток на подготовките за настапот на Европското Првенство во Данска.
Првиот собир на Младинците ќе се одржи утре во салата Автокоманда во Скопје, со почеток од 11 часот и 30 минути.

Список на повикани ракометари:

1. ДАНИЛОВСКИ НИКОЛА (РК ПЕЛИСТЕР 08)
2. ПАЛЕВСКИ ДАВОР (РК МЕТАЛУРГ)
3. ДИМИТРИОСКИ ДИМИТАР (РК МЕРАЛУРГ 2)
4. ЈАГУРИНОВСКИ ТОМИСЛАВ (РК МЕТАЛУРГ)
5. ШИЛЕГОВ МИЦЕ (РК МЕТАЛУРГ 2)
6. БЛАЖЕВСКИ БОЈАН (РК МЕТАЛУРГ 2)
7. КРСТЕВСКИ ГОРАН (РК МЕТАЛУРГ)
8. ТАНКОСКИ МАРИО (РК МЕТАЛУРГ 2)
9. НЕЛОСКИ МАРКО (РК МЕТАЛУРГ)
10. АРСЕНОВСКИ ФИЛИП (РК МЕТАЛУРГ)
11. ОНЧЕВ ТОШЕ (РК ВАРДАР ЈУНИОР)
12. ТРПЧЕВСКИ СТЕФАН (РК ВАРДАР ЈУНИОР)
13. ДИМОВСКИ АЛЕКСАНДАР (РК ВАРДАР ЈУНИОР)
14. МАРКУДОВ АНДРЕЈ (РК ПЕЛИСТЕР 08)
15. ДЕЈАН КУКУЛОВСКИ (РК ВАРДАР ЈУНИОР)
16. ИЛИЈА ТРПЕВСКИ (РК ВАРДАР)

Нашите младински репрезентативци, на Европското првенство во Данска се пласираа по успешните квалификациите што се играа во Шафхаузен против Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.

Европското Првенство ќе се игра во градовите Колдинг и Вамдруп, во периодот од 28 јули до 7 август 2016.

Македонија се наоѓа во Групата Ц, заедно со селекциите на Норвешка, Холандија и домаќинот Данска. /МИА

Буфон: Ќе ми треба една седмица да донесам конечна одлука

Џанлуиџи Буфон се уште не донел конечна одлука дали и каде ќе ја продолжи кариерата и ги демантира шпекулациите кои се појавија во светските медиуми дека веќе се договорил со Пари Сен Жермен.

Францускиот шампион му упати покана на Буфон кариерата да ја продолжи во француската престолнина.

Буфон се повлече од Јувентус по 17 години поминати во торинскиот гигант. Тој во саботата за последен пат играше натпревар за „старата дама“.

- Ќе ми треба барем една недела, за да се смирам и да дојдам на себе по заминувањето на Јувентус. Има 40 години, минато ми е времето да носам спонтани и избрзани решенија. Треба внимателно да анализирам ситуацијата, бидејќи изборот не е лесен, изјави Буфон за „Скај Спорт“. 

Усека прв пат во историјата ќе игра во Примера

За првпат во клупската историјата, екипата на Усека ќе игра во најсилната шпанска фудбалска лига. 

Уеска ја победи Луга со 2:0 во последнито натпревар од 40. коло во Сегунда и на две рунди пред крајот создаде недостижни седум бода предност пред Спортинг од Хихон, кој е на третото место.

Усека ќе биде тимот со најмал стадион во историјата на Примера. „Ел Алкорас“ има капацитет од само 5.500 илјади гледачи. Досега прв на оваа листа беше Еибар со „Мунисипал“ кој собира 7.000 посетители.

Во следните две рунди од Сегунда шанси за прволигашки пласман има Рајо Ваљекано, додека за место во плејофот ќе се борат Спортинг Хихон, Сарагоса, Ваљадолид и Кадиз, Нумансија, Овиедо и Осасуна.

Од Приемра испаднаа Ла Коруња, Лас Палмас и Малага. 

Емери наследник на Венгер во Арсенал

Унаи Емери ќе биде новиот менаџер на Арсенал, пренесе Би-Би-Си, наведувајќи дека разговорите на раководството на премиерлигашот со младиот шпански тренер Микел Артета не завршила позитивно.

Се очекува денеска или утре и официјално Арсенал да го промовира досегашниот тренер на ПСЖ.

46-годишниот Емери претходно работеше во Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва и Севиља со која има три трофеи во Лига Европа. 

притисни ентер