Велес подготвен за маратонот на езерото Младост

Во организација на Агенцијата за млади и спорт и ЈП „Јасен“, Општинската Организација на Црвен крст Велес и Кајак кану клубот „Бабуна” од Велес, а под покровителство на Пливачката федерација на Македонија и Општина Велес в недела на велешкото езеро „Младост“ ќе се одржи првиот Велешки пливачки маратон 2014.

Како што информира на денешната прес конференција Илија Попов претставник на ОО на Црвен крст од Велес-Безбедност на вода, учесници на натпреварувањето се пливачи од Република Македонија, организирани во клубови или надвор од нив. Пријавувањето на кандидатите се вршеше до денес, а досега има заинтересирани околу 50-тина натпреварувачи, меѓу кои и врвни имиња во долгометражно пливање.

- Безбедноста е најважна затоа се решивме патеката да биде добро покриена. 55 спасители од Црвениот крст и 20 кајакари на клубот „Бабуна” ќе бидат распределени во гумени чамци и кајаци во езерото на дестинација од неколку стотина метри. Ќе има и моторни чамци за брза реакција, потенцира Попов.

Маратонот започнува во 10 часот со првиот круг кој изнесува 2,5 километри. Потоа од 11 часот следува трката која е во должина од 5 километри и олимписката дисциплина од 10 километри во машка и женска конкуренција.

Градоначалникот Славчо Чадиев истакна дека Општина Велес ќе стори се овој велешки пливачки маратон да стане традиционален.

- За следната година во Програмата за спорт на општината ќе биде издвоен како посебна спортска манифестација со свој буџет. Ова ќе го зголеми интересот на учесниците и на јавноста, но и ќе ја потврди нашата сериозност во намерата да вложиме во пливањето како спорт исто толку енергија и средства колку и за развојот на другите спортови, рече Чадиев.

Видео: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка

Глумецот Алек Болдвин се соочи со вознемирување од пропалестинска активистка, а видеото од тој настан на „Х“ е прегледано над три милиони пати.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот телефон го снима и неколкупати настојчиво бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога активистката сфаќа дека глумецот ја игнорира, таа ја менува темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“

Активистката тука ја има предвид смртта на кинематограферката Халина Хачинс на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“. За потсетување, Болдвин се соочува со обвиненија за ненамерното убиство на Хачинс во 2021 година. Продолжението на судењето за убиство од небрежност е закажано за 10 јули.

На видеоснимката, натаму глумецот почнува да се заканува со полиција, но девојката е упорна во своето вознемирување и на крајот, Болдвин ѝ го исфрла мобилниот телефон од рака.

Алек Болдвин ја отфрли одговорноста за ненамерното убиство на Хачинс. /МИА

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви.

Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната вода и празнење на помошниот канал од водозафатот.

-Во изминатите седум дена имаше шест обиди за сечење на гумата и конечно, во текот на доцните вечерни или раните утрински часови, сторителот успеал во намерата. Несфатливо е зошто некој, токму на почетокот на сезоната за сеење на оризот, се одлучил на ваква постапка со која прави повеќекратна штета. Во прашање е доведено наводнувањето на околу 100 хектари оризови површини. Освен тоа, наместо средствата со кои располагаме да ги инвестираме во одржување на каналската мрежа, ќе мора дел да потрошиме за ангажирање служба за чување на гумената преграда. Настанот веќе е пријавен во полиција и очекуваме разоткривање на сторителот и на неговите мотиви за ова кривично дело, истакна Станче Стефанов, техничко лице во водостопанскта подружница „Брегалница“.

Во тек се активности за санирање на оштетувањето на гумената преграда, но постапката е отежната поради зголемената количина вода. Вработените во подружницата очекуваат до крајот на денот да ја нормализираат состојбата со наводнувањето, за да се избегне прекин на сеидбената сезона во овој регион, но и да не дојде до исушување на нивите кои веќе се посеани со ориз.

Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај

Претседател на Комитетот за уставно законодавство и државност во Горниот дом на Советот на Руската Федерација, Андреј Клишас денеска изјави дека инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на 7 мај.

Согласно руските закони, новоизбраниот претседател ја презема функцијата со мандат од шест години.

Инаугурацијата на Путин и во 2018 година се одржа на 7 мај. /МИА

притисни ентер