Фрум победник на Тур Д‘ Франс

Британецот Крис Фрум победи на годинашново 100.то издание на Тур Д‘ Франс. Тој зад себе ги остави најблиските конкуренти за повеќе од 4 минути, иако во последната етапа имаше предност и близу пет минути.

Фрум мина вкупно 3.404 километри, а имаше вкупно време 83:56.20 часа. Победи на три етапи, а жолтата маица ја облече по првата победа во осмата етапа.

Второто место му припадна на Наиро Куинтана од Колумбија, а трет беше Жоаким Родригез од Шпанија.

Инаку, победник на последната 21.етапа од Версај до Париз во должина од 118 километри беше Марсел Кител од Германија, во финишот беше побраз од сонародникот Андре Грипел и од Британецот Марк Кавендиш, кој по традиција победуваше последните години во Париз.

Фрум е вториот Британецот по ред што триумфира на Тур Д‘Франс, откако лани најдобар беше Бредли Вигинс.
притисни ентер