Трофејот од Светската лига за Русија

Одбојкарската репрезентација на Русија ја освои Светската лига откако ноќеска во финалето во аргентинскиот град Мар дел Плата, го победи Бразил со 3:0 во сетови. По сетови резултатот беше: 25:23; 25:19 и 25:19.

Ова беше втора победа за Русија над Бразил на завршниот турнир. Претходно Русите ги совладаа „кариоките“ и во 1.коло од групата.

Во дуелот за 3.место Италија по пет сета славеше над Буграија со 3:2 (25:21; 21:25; 25:20; 21:25 и 15:7).
притисни ентер