Леброн Џејмс и Серена Вилијамс добитници на наградата ЕСПИ

Предводникот на НБА шампионот Мајами ,Леброн Џејмс и победничката на Ролан Гарос и УС Опен Серена Вилијамс се добитници на наградата ЕСПИ која традиционално американската телевизија ЕСПН им ја доделува на најдобрите светски спортисти .

Леброн Џејмс повторно доминираше во конкуренцијата на машките спортисти и го доби признанието во конкуренција на Мигел Кабрере( бејзбол), Ендрју Питерсон (американски фудбал) и Мајкл Фелпс (пливање).

Џејмс воедно ја доби и наградата за најдобар НБА кошаркар и најдобро шампионско издание.

„Да се биде во конкуренција на вакви спортисти е голема чест. Ќе ја чувам оваа награда на видно место во мојот дом“, изјави Џејмс по добивањето на признанието од ЕСПН.

ЕСПИ награда доби и Новак Ѓоковиќ како најдобар светски тенисер. Ѓоковиќ истото признание од ЕСПН го добива втора години во низа .


Серена Вилијамс сосема заслужено по триумфите на Ју –Ес – Опен и Ролан Гарос е прогласена за најдобра светска спортистка. 
притисни ентер