МИ: Три медали за македонските борачи

На Медитеранските игри во Мерсин најуспешни македонски спортисти се борачите.

Нашите борачи во слободен стил денеска во Мерсин обезбедија дури три медали, еден сребрен и две бронзи.

Дејан Богданов во финалето во категоријата до 84 килограми не успеа да стигне до златниот медал, загуби од турскиот репрезентативец Сердар Боке и го освои сребрениот медал , што сепак е огромен успех за македонскиот спорт.

Во категоријата до 66 килограми нашиот Дејан Митров стигна до бронзен медал, откако во малото финале беше поуспешен од Алжирецот Рабах Рамдане.

Втората бронза во нашиот табор на Медитеранските игри во Турција ја донесе Бобан Данов кој во борбата за бронзата во категоријата до 120 килограми го победи Хамди Абелхабад од Египет.
притисни ентер