Потпишан договор, Олимпискиот факел ќе патува во вселената

Олимпискиот факел кој ќе се користи на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 ќе биде испратен во вселената, но огнот нема да биде запален од безбедносни причини.

- Испраќањето на Олимпискиот факел во вселената е настан кој за првпат се случува во историјата на олимпиското движење. Неговото доставување што во вселената ќе го извршат руските космонаути ќе остане засекогаш запишано во аналите на олимпизмот, изјави раководителот на „Роскосмос“ Владимир Поповкин по денешното потпишување на договорот со Организациониот комитет Сочи 2014.

Олег Котов и Сергеј Ријажански на почетокот на ноември ќе го однесат факелот во вселената, а на Земјата ќе го врати Фјодор Јурчихин кој во моментов се наоѓа во Руската вселенска станица.
притисни ентер