МИ: Втор пораз на македонските одбојкари

Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Мерсин, откако денеска загуби од Тунис со 3:1 во сетови.

Како што јави МИА, Македонија беше подобар противник само во првиот сет, кој го доби со 25:20.

Во продолжението сосема поинаква слика. Избраниците на селекторот Желјасков како да ги загубија силите. Втори сет Тунижаните го добија со 25:18, третиот со 25:23, а четвртиот 25:19.

Во 1.коло Македонија беше поразена од Италија со 3:0.

По денешниот пораз нашите одбојкари веќе немаат никакви шанси да се борат за медал, па до крајот на нивното учество на МИ останува само уште дуелот со Алжир кој на програмата е во вторник 25 јуни.

„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втората руска вакцина против вирусот корона ќе биде регистрирани во најскоро време.

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирани и втора вакцина против вирусот корона“, рекол Путин обраќајќи се пред сенаторите во Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додал дека властите на Русија ги имаат во предвид можните ризици во борба против вирусот корона.

Според зборовите на Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се справи со коронавирусот и сезонскиот бран на настинки и грип.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјавил дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде произведувана од компанијата „Биокад“.

„Спутник“ потсетува дека Русија во август ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, која ја разви центарот „Гамелеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Моментално е во тек финалната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број на доброволци.

Фото: Заев, Николовски и Филипче не носеле кациги, казнети по 50 евра

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.

Во Штип само за еден час биле казнети 50 возачи.

притисни ентер