Македонските одбојкари поразени од Бугарија во пријателски натпревар во Софија

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби првиот контролен дуел со Бугарија одигран синоќа во Софија со 3:1 по сетови (25:22; 25:18; 24:26 и 25:21).

Ова за избраниците на македонскиот селектор Николај Жељасков беше проверка на силите пред Медитеранските игри во Мерсин, додека Бугарија го искористи слободниот термин во натпреварите од Светската лига да ја задржи формата.

Вториот натпревар ќе се одигра денеска истотака во салата „Христо Ботев“ во Софија со почеток во 13 часот.

Ума Турман ги воодушеви сите на годишнината од култниот филм во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Ума Турман ја воодушеви публиката во Лос Анџелес на 30-годишнината од прикажувањето на „Pulp Fiction“.

53-годишната актерка за оваа пригода избра црна облека. Во споменатиот филм Ума го отелотвори ликот на Миа Валас, а многу фанови напишаа дека оттогаш таа речиси не се променила. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека изгледа многу младешко и дека „никогаш не изгледала толку добро“.

Инаку, Ума доби и номинација за најдобра споредна женска улога за улогата на Миа Валас.

Pulp Fiction е филм на Квентин Тарантино од 1994 година. Беше номиниран за седум Оскари, вклучително и за најдобар филм. Во филмот глуми и Џон Траволта.

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

притисни ентер