Болт со нов рекорд на митингот во Осло до триумф на 200 метри

Најбрзиот човек на светот спринтерот од Јамајка Усеин Болт го сруши рекордот на митингот во Осло поставен во далечната 1996 година од Френки Фредерикс во трката на 200 метри.

Усеин Болт со нов рекорд од 19 секунди и 79 стотинки стигна до првото место во трката на 200 метри на митингот од Дијамантската лига во Осло.

Второто место го освои Џејсума Ндуре од Норвешка (20,36) а трет во цела пристигна Британецот Џејмс Елингтон со време од 20,55 секунди.
Досега сезонава најдобар резултат на 200 метри имаше атлетичарот од  Јамајка Ник Ашемеаде, кој во Кингстон делницата од 200метри ја претрча за точно 20 секунди.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт минатата недела во Рим на 100 метри беше поразен од големиот ривал Џастин Гетлин. 

„Ја погледнав трката и разговарав со тренерот Глен Милс . Ако тој не е загрижен ,не сум ниту јас. Се чувствувам добро, во иднина се ќе биде подобро, изјави по неуспехот на митингот во Рим , Болт. 
притисни ентер