Најбрзиот човек на светот Усеин Болт ќе мора да трча во квалификациите на 100 м на СП

Усеин Болт ќе мора да се натпреварува во квалификациите на сто метри за Светското првенство во атлетика, откако јамајканската атлетска асоцијација му ја додели вајлд картата за настап во трката на Јохан Блејк.


Асоцијацијата беше принудена на ваквиот чекор по одлуката на ИААФ дека само еден натпреварувач од иста земја по настан може да ја добие вајлд картата, па на Болт му беше доделена таа во конкуренција на 200 метри, дисциплина во која е актуелен шампион.

По дисквалификацијата на Болт во Даегу, Блејк стана шампион на 100 метри, па јамајканците сметаат дека фер е да добие предност, а светскиот рекордер ќе мора да настапува во раната фаза.
притисни ентер