Ивчевски испушти место на подиумот на трките во Бугарија

Тројца македонски мотоциклисти настапија на трките од „Гран При Бугарија 2013“ одржани викендов на патеката Долна Митрополија крај Плевен, а најуспешен од нив беше Слободан Ивчевски кој за малку не успеа да се искачи на подиумот.

Ивчески, како што јави МИА, го освои чевртото место на вториот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото. Тој водеше голема борба за третото место со романскиот претставник Сорин Траистару, но само четири секунди го делеа од досега неговиот најголем успех во оваа конкуренција.

Убедлив победник во двете возења беше домашниот натпреварувач Ангел Каранјотов пред сонародникот Александар Георгиев.

Во генералниот пласман Каранјотов води со максимални 100 бодови, а Ивчески е четврти со 68 бодови.

Искусниот Сашо Николов продолжи со одлични настапи во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат на кружни патеки.

Во конкуренција на 19 натпреварувачи во класата до 1000 ссм супербајк, Николов го освои 5.место.

Победата му припадна на Александар Ленев од Бугарија. Победата му припадна на Александар Ленев од Бугарија кој во фотофиниш за помалку од секунда беше побрз од Дејан Радуловиќ од Србија.

Радуловиќ сепак останува водечки после 3 натпревари со освоени 70 бодови, а нашиот претставник се проби на 5.место со 24 бодови. а нашиот претставник се проби на петтото место со 24 бодови.

Игор Спиров освои нови седум поени со 9.место во класата до 600 ссм супербајк.

Победник беше уште еден домашен мотоциклист, Паскал Дичев.

Во генерален пласман водечки е Фуркан Јерилмаз од Турција со 53 бодови, а Спиров е десетти со 15 бодови.
притисни ентер