Комплетирани полуфиналните двојки кај дамите на Роланд гарос

Со одигрувањето на двата четвртфинални натпревари попладнево комплетирани се полуфиналните двојки во женска конкуренција на Роланд гарос.

Бранителката на трофејот од минатата година, Марија Шарапова од Русија со 2:1 во сетови 0:6, 6:4 и 6:3 ја совлада Јелена Јанковиќ од Србија, па за место во финалето ќе се бори со Викторија Азаренка, јави МИА.

Белорусинката која е третата носителка на турнирот, во четвртфиналето ја елиминира Марија Кириленко од Русија, совладувајќи ја во два сета со 7:6 и 6:2.

Вчера пласман во полуфиналето во женска конкуренција обезбедија, првата носителка Американката Серна Вилијамс и Сара Ерани од Италија.

Во машка конкуренција првата полуфинална двојка ја сочинуваат Жо Вилфред Цонга и Давид Ферер.

По одигрувањето на денешните мечеви меѓу Новак Ѓоковиќ (1-носител) Србија и Томи Хас (12) Германија, односно Рафаел Надал (3) Шпанија и Станислав Вавринка (9) Швајцарија, ќе биде позната и втората полуфинална двојка.
притисни ентер