Серена Вилијамс и Сара Ерани во полуфиналето на Ролан Гарос

Најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс и Сара Ерани се пласираа во полуфиналето на Ролан Гарос. И двете денеска остварија победи во четвртфиналето.

Како што јави МИА, Вилијамс на теренот на „Сузан Леглен“ ја победи шампионката на Ролан Гарос од 2009 година, Светлана Кузнецова со 2:1 во сетови (6:1; 3:6 и 6:3).

Втората полуфиналистка Сара Ерани во два сета на централниот терен „Филип Шатрие“ ја совлада Агнешка Радванска со 6:4 и 7:6 (8:6).

На другите два четвртфинални мечеви кај жените утре ќе играат: Марија Кириленко – Викторија Азаренка и Марија Шарапова – Јелена Јанковиќ. Во тек се мечевите од машкиот дел од турнирот од денешната програма (четвртфинале): Жо Вилфред Цонга – Рожер Федерер и Томи Робредо – Давид Ферер.
притисни ентер