Нов пораз на одбојкарките на Македонија

Македонските одбојкарки денеска загубија од Хрватска со 3:0 во рамки на групата А во квалификациите за Светското првенство, по вчерашниот пораз од Црна Гора со 3:0.



Во мечот кој се одигра во Херцег Нови, а траеше околу еден час, нашите одбојкарки не можеа да им се спротивстават на фаворизираните репрезентативки на Хрватска, па во трите сета освоија само 44 поени.

Првиот сет „црвено-жолтите“ го загубија со 25:15, во вториот беше 25:13 и 25:16 за Хрватска.

Со овој пораз нашите одбојкарки ги загубија сите шанси за прогрес понатаму, па останува утре против Босна и Херцеговина да го одиграат дуелот за избегнување на последното место во групата.



притисни ентер