Петта спортска манифестација „Рели Калин Камен 2013 година“

Во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, општината Крива Паланка и Авто мото клубот „Оф роуд Oсогово“ денеска ја организираат петта спортска манифестација „Рели Калин Камен 2013 година“.



- Манифестацијата има ревијален карактер и се одржува под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Палнини“, истакна пред самото тргнување градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

Тој додаде дека годинава патеката на релито е продолжена за околу 10 километри и е околу 75 километри. Значи покрај стандардните места ќе биде и посетено Кнежевското Езеро од хидро - мелиорациониот систем „Злетовица“.

На Царев Врв ќе се сретнат и со учесниците од Кочани, Делчево и Македонска Каменица од каде по заедничкиот пикник ќе се упатат кон Туристичко рекреативнот центар „Калин Камен“.

Крајна дестинација на спортската манифестација „Рели Калин Камен 2013 година“ е манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. 
притисни ентер