Тениската репрезентација на Македонија ја победи Албанија

Тениската репрезентација на Македонија ја постигна и втората победа во Дејвис купот во Сан Марино.

Нашите тенисери, како што јави МИА, денеска ја совладаа Албанија откако ги добија двата сингл меча и притоа противничките играчи освоија само три гема.

Македонија поведе со триумфот на Стефан Мицов над Реи Пелуши – 6:0 и 6:0 во двата сета. Вториот поен за нашата репрезентација го донесе Шендрит Деари, кој со 6:0 и 6:3 по сетови го победи Флавио Дече. До крајот на денот ќе се одигра и мечот во двојки.

Македонија утре го игра и третиот натпревар од Д групата. Нашата селекција со двете победи е практично пласирана во полуфиналето, кое се игра во сабота и со триумф во тој меч ќе избори пласман следната сезона да игра во Втората Евроафриканска зона.
притисни ентер