АТП: Ѓоковиќ лидер, Надал на четвртата позиција

Новата листа на АТП донесе неколку промени меѓу најдобрите десет рангирани тенисери во светот.

На врвот на листата и понатаму е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со одбраната на трофејот во Рим( во големото финале Надале беше подобар од неговиот вечен ривал Федерер со 2-0/6-1, 6-3) ,Шпанецот Рафел Надал се искачи на четвртото место, прескокнувајќи го сонародникот Давид Ферер, во елитната топ десетка се врати и Јанко Типсаревиќ.

Со раната елиминација на АТП Мастесрот во Рим Новак Ѓоковиќ загуби поени но и понатаму со 12 310 бодови е убедливо на првото место на листата на најдобрите во светот, зад него со заостаток од 3640 бодови и понатаму е Британецот Енди Мареи, финалистот од Рим Роџер Федерер е трет ,а веднаш зад него се Шпанците Рафаел Надал и Давид Ферер.

Во елитното друштво на десетте најдобри тенисер во светот се и Томаш Бердих, Дел Потро, Цонга, Ришар Гаске и повратникот Јанко Типсаревиќ на местото на Станислас Вавринка.
притисни ентер