Серена Вилијамс супериорно до трофејот во Рим

Серена Вилијамс денеска го освои 51 трофеј во кариерата.
Американката Серена Вилијамс го освои ВТА Мастерсот во Рим, откако попладнево во финалето убедливо со 6:1 и 6:3 ја победи Викторија Азаренка од Белорусија.

Во меѓусебните пресметки сега резултатот е 12-2 за Вилијамс.

За американската тенисерка ова беше петти турнирски триумф во низа и 24. победа во серија што се одлични индикатори за неа во пресрет на вториот годинашен Грен слем „Ролан Гарос“ во Париз следната недела.

Во машкото финале од 16 часот ќе играат Рафаел Надал (Шпанија) и Рожер Федерер (Швајцарија).

Меси и Хамилтон ја поделија наградата ,,Спортист на годината”

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон ја поделија наградата Спортист на годината.

За прв пат во историјата, наградата Лореус ја делат двајца спортисти.

Исто така, Лионел Меси е првиот фудбалер на Лореус во историјата.

Аргентинецот имаше фантастична индивидуална сезона со Барселона и заслужено стана првиот фудбалер од 1999 година кој е добитник на наградата Спортист на годината.

Сепак, тој мораше да ја сподели со шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, кој е третиот возач во Формула 1 што го доби ова признание.

Пред него, оваа награда им припадна на Мајкл Шумахер и на Себастијан Фетел.

ЖКК „Бадел 1862" од Кисела Вода ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката"

ЖКК „Бадел 1862" од Општина Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка во земјава ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката".

Целта на овој проект, како што информираат од Општината, е психосоцијална поддршка на кошаркарките во тимот, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група.

Како што појасни Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862", работилниците ќе ги опфатат млади на возраст од 14 до 18 години. Тој појасни дека во нашата држава нашиот клуб е прв со ваков проект.

-Ние сме свесни дека психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни , така што поучени од светските трендови на големите спортски клубови, одлучивме да им овозможиме на нашите кошаркарки поддршка и од овој тип. Проектот ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии и креативни работилници, рече Павловски.

Реализацијата на програмата  ќе ја овозможат психолозите  Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова./МИА

Видео: НБА ОЛ Стар, тимот на Леброн подобар од тимот на Адетокумбо

НБА ОЛ Стар меч за паметење, маестрални потези, кошеви, дриблинзи, но и драма која ретко се гледа.

Тимот на Леброн Џејмс со 157-155 го победи тимот на Јанис Адетокумбо на 69 Ол Стар викедн во НБА лигата одигран во Чикаго.

Љубителите на најсилното светско кошаркарско првенство одамна не гледале подобар дуел во мечот на сите ѕвезди во НБА. Најзначајниот меч на Ол Стар викеднот во Чикаго имаше исклучително драматична завршница. Дуелот беше одлучен по неверојатната драма во последните 12 минути, по фаулот на Кајл Лаури над Ентони Дејвис. Новиот формат на Ол Стар мечот донесе одлична игра и резултат и невиден натпреварувачки ритам.

Во спектакуларниот натпревар видовме драма, жестока борба и по подолго време мечот на сите ѕвезди донесе сериозна кошарка.

По 45 минути игра по резулатски пресврт и достигната негатива од 17 поени, тимот на Леброн Џејмс со кошевите на Ентони Дејвис од линијата за слободни фрлања го доби мечот со 157-155.

Најдобар во победничкиот состав беше Кавај Ленард со 30 поени,(8 тројки), 23 коша постигна Кралот Џејмс, ист ефект имаше и искусниот плеј Крис Пол(7тројки), Ентони Дејвис додаде 20 поени а имаше и 8 скока..Балканските ѕвезди Јокиќ и Дончиќ Ол Старот го завршија со 5 односно 8 поени.

Ѕвездата на Милвоки Адетокумбо беше најефикасен во својот тим со 25 поени и 11 скока, Кемба Вокер постигна 23, Ембид 22 со 10 скока, а Руди Гобер имаше 21 кош и 11 скока.

Очекувано МВП признанието кое од годинава го носи името на трагично загинатиот Коби Брајант на крајот заврши во рацете на најефикасниот кошаркар на Ол Стар мечот ѕвездата на Клиперси Кавај Ленард.

Ол Старот имаше и дел посветен на легендарниот Коби Брајант. Трагичната смрт во хеликоптерска несреќа на еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА беше одбележана со  трибини раководена од легендарниот Меџик Џонсон, на која настапија познатиот рапер Дрејк,  свестката музичка ѕвезда Џенифер Хадсон со песни посветени на Брајант.

притисни ентер