Швајцарија противник на Шведска во финалето на СП во хокеј

По пауза од 78 година репрезентацијата на Швајцарија успеа да се пласира во финале на Светско првенство во хокеј на мраз.

Швајцарците синоќа во вториот полуфинален дуел ја победија селекцијата на САД со 3:0 (0:0; 1:0; 2:0).

За Швајцарците ова е голем успех. Тие на минатото СП беа на 11.место, а најдобар пласман во поново време им е 4. место од 1998 година.

Противник на Швајцарија во вечерашното финале ќе биде ко-домаќинот Шведска. Другиот ко-домаќин Финска во борбата за третото место ќе игра со САД.
притисни ентер