Домаќинот Шведска прв финалист на хокеарскиот Мундијал

Селекцијата на Шведска по победата над Финска остварена со 3:0 се избори за место во големото финале на Светското првенство во хокеј на мраз.

Во првиот полуфинален дуел Швеѓаните ја искористија предноста на домашниот терен во Стокхолм и со по еден постигнат гол во секоја третина го поразија ко-домаќинот на Мундијалот, Финска на убедлив начин.

Денеска ќе се играат натпреварите за медал.

Од 16 часот на програмата е дуелот за 3.место, а финалето ќе започне во 20 часот и 30 минути.
притисни ентер