Дел Потро го посети папата Франциско

Најдобриот тенисер на Аргентина Хуан Мартин Дел Потро престојот во Рим го искористи за да го посети својот сонародник папата Франциско .

Новиот Папа е со потекло од Аргентина и е голем  фан на фудбалкиот клуб Сан Лоренцо и на Хуан Мартин дел Потро.
Дел Потро при посетата во Рим на својот сонародник му го поклони тенискиот рекет со кој во 2009 година го играше финалето на ЈУ- ЕС Опен против Роџер Федерер. 

-Беше тоа прекрасно искуство за мене , се надевам и за  Папата, оваа средба  никогаш нема да ја заборав. Некогаш ви се потребни такви искуства за да ве спуштат на земја, изјави Дел Потро по средбата .

Аргентинскиот тенисер потоа им се заблагодари на сите кои му ја овозможија оваа средба.

„Им благодарам на Ватикан и на АТП кои ми ја овозможија оваа средба . Папата ме благослови и ми посака среќа на следните турнири . Јас нему му честитав на изборот и му посакав многу среќа и здравје , порача седмиот светски тенисер по посетата на папата Франциско.
притисни ентер