Ѓоковиќ експресно во четвртфиналето во Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше меѓу осумте најдобри тенисери на АТП Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ за само еден час игра во осминафиналето го декласираше темпераментниот Украинец Александар Долгополов со 2-0 по сетови 6-1 ,6-4.
За Ѓоковиќ ова беше третиот триумф во досегашните три  мечевите против Долгополов.

Во четврт-финалето противник на Ѓоковиќ ќе биде високиот Чех томаш Бердих кој во осминафиналето славеше победа над Кевин Андерсон од Јужна Африка со 7-5 и 6-2.
притисни ентер