Мареи поради повреда го прекина настапот на турнирот во Рим

Олимпискиот шампион во тенис Британецот Енди Мареи по само два одиграни сета го прекина настапот на АТП Мастерсот во Рим.

Мареи во 2 коло на Мастерсот во Рим при резулат 1-1 во сетови му го предаде мечот на Шпанецот Марсел Гранољерс.

Првиот сет со 6-3 во гемови го доби специјалистот за игра на земја Гранољерс, во вториот сет фаворитот Мареи ја поправа играта и со 7-6 во гемови го добива сетот и израмнува на 1-1., за потоа да одлучи да го предаде мечот.

Во текот на целиот меч беше евидентно дека вториот светски рекет Енди Мареи има проблеми со левиот колк, болки во колкот Мареи чувствуваше и на Мастерсот во Мадрид.  

Најверојатно Мареи веќе не можел да ги поднесе болките во левиот колк и по консултацијата со својот тим одлучи да го предаде мечот .
притисни ентер