Форца Волеј го одбрани шампионскиот трон во македонската женска одбојка

Одбојкарките на Форца Волеј ја одбранија титулата шампион на Македонија откако синоќа во мајсторката од финалето на плеј-офот пред своите навивачи го победија тимот на Македонија Макс со 3:1 во сетови.



Форца Волеј ги доби првите два сета со 25:22 и 25:14, а потоа екипата од Струмица намали на 2:1, откако го доби сетот со 25:12. Во четвртиот сет Форца Волеј беше подобра со 25:18.

Успехот на шампионот има големо значење, бидејќи противникот водеше со 2-0 во победи и беше на чекор од освојување на титулата, но Форца Волеј направи пресврт и ги доби трите следни натпревари.

Ова беше шеста титула првак за Форца Волеј.

Денеска во Струмица се игра и мајсторката од финалето во машкиот плеј-оф. Шампионот Струмица против Куп победникот Вардар ќе се обиде да ја одбрани титулата.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
притисни ентер