Кличко го нокаутира Пианета

Украинскиот професионален боксер Владимир Кличко ја одбрани титулата во верзиите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, откако синоќа во Мајами со нок-аут во шестата рунда го победи Франческо Пианета од Италија.



Проблемите за Италијанецот почна во четвртата рунда кога по еден директ на Кличко се најде на подот, но успеа да издржи до крајот на рундата.

И во петтата рунда судијата му „броеше“ на Пианета, за во следната шеста по примените серија удари мечот да биде прекинат.

Со оваа победа Кличко ги одбрани сите свои титули и покажа дека во овие верзии нема конкуренција.
притисни ентер