Најавени активности за усогласување на фитенс и боди билдинг клубовите со Законот за спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски, денеска се сретна со претседателот на Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија, по повод успешниот настап на вчера завршеното Балканско првенство на кое националниот тим освои пет медали и трето место во севкупен пласман во екипна конкуренција.




Како што соопшти Агенцијата за млади и спорт, на средбата на која присуствувале и претставниците на националниот тим во боди билдинг кои на Балканското првенство освоија медали, била истакнато дека поддршката за овој спорт ќе продолжи и во иднина.

- Агенцијата за млади и спорт и во следниот период ќе продолжи со поддршка на фитнесот и боди билдингот при што дел од поддршката ќе бидат активностите насочени кон усогласување на боди билдинг и фитнес клубовите во земјава со Законот за спортот, стои во соопштението.

Носители на медалите од Балканското првенство се Јовче Василевски кој совои злато, Семра Аиро и Дејан Димевси се вратија со сребрен медал, а бронза избори Роза Димитриева. Бронзен медал во парови освоија Антонио Андоновски и Семра Аиро.
притисни ентер