Тинејџер од Јапонија го истрча најдоброто време на светот на 100 метри во 2013 година

Кралот на светскиот спринт атлетичарот од Јамајка Усеин Болт добива конкуренција.




Јапонскиот тинејџер Јошиде Киру на атлетскиот митинг во Хирошима во трката на 100 метри го изедначи светскиот рекорд во јуниорска конкуренција.
Киру делницата од 100 метри ја претрча за 10 ,01 секунди ,што е време идентично на се уште актуелниот светски јуниорски рекорд на Дарел Браун од Тринидад и Тобаго поставен во 2003 година.

Неверојатниот Киру по извонредниот резултат на трката на митингот во Хирошима, стана најбрзиот јуниор во светот во историјата , воедно времето од 10, 01 на младиот јапонски спринтер е најдоброто време постигнато во 2013 година од некој атлетичар во светот.
притисни ентер