Успешен мотокрос викенд за македонските натпреварувачи

Македонските натпреварувачи постигнаа забележителни резултати на меѓународните мотокрос трки викендов во Србија и Грција.



На третиот натпревар од Отворениот шампионат на Србија во мотокрос кој се одржа на патеката „Горњи Брестовац“ крај Лесковац, Лука Ристевски го повтори успехот од минатата недела и повторно убедливо победи во класата МХ65. Неговиот брат Андријан исто така освои место на подиумот, завршувајќи ги двете возења во класата МХ85 како втор зад победникот Виктор Ивановиќ од Црна Гора.

На натпревар од Отворениот шампионат на Грција, на патеката крај Кожани, Христијан Станковиќ настапи во класата МХ85 и после две неизвесни возења заврши на 3.место зад домашните натпреварувачи Димитрис Турацидис и Агелос Вогиацис. Во најсилната класа МХ1, искусниот Гоце Томовски го освои 3.место зад Јоанис Турацидис и Димитрис Баксеванис.
притисни ентер