Олимписките игри во Сочи ќе бидат најбезбедни

Претседателот на организациониот одбор на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 , Димитри Чернишенко изјави дека Игрите во Русија следната година ќе бидат најсигурни и најбезбедни во историјата.




Според Чернишенко планот за безбедност за Сочи ги исполнува строгите меѓународни правила , ефикасноста веќе била проверена и повторно ќе биде тестирана.

Изминатите неколку дена официјални лица ветија дека безбедноста во Сочи ќе биде на високо ниво.
Зимските олимписки игри во Сочи ќе се одржат од 9 до 23 февруари во 2014 година.

Инаку Сочи се наоѓа во јужниот дел на Русија , регион кој беше дестабилизиран од исламските бунтовници .

МД „Илинден" го честита Eвропскиот ден на јазиците – мајчиниот јазик е најголемо обележје на националниот идентитет

 Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик.

Македонско друштво „Илинден"-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, Ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочуваат, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, затоа што тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање.

– Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, стои во честитката на Друштвото.

Се додава дека важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на Европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, по иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Од Друштвото посочуваат дека јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент.

И по повод овој ден Друштвото потсетува дека за жал и во 21 век Македонците во Албанија не може да се образуваат на мајчиниот јазик.

– И покрај континураните барања во изминатите три децении од падот на тоталитарниот режим да се овозможи настава на мајчин македонски јазик, сите досегашни албански власти остануваат глуви и слепи на реалноста. Освен за децата во Пустец иако и таму нецелосно, настава на македонски јазик нема ниту во Гора, ниту во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, а да не зборуваме за Тирана, Елбасан и други градови каде што живеат илјадници Македонци, забележува друштвото „Илинден". /МИА

Фото: Кање Вест објави повеќе од 40 православни икони

Кање Вест во повеќе наврати говори дека во последно време се свртел кон религијата, а сега изненади многумина православни верници со објавите на неговиот Твитер налог.

Раперот на својот профил објави преку 40 православни икони, без додатно објаснување, и тоа се го направи во рок помалку од еден час.

Бројни негови фанови кои се од православна вероисповед овој потег го дочекаа со воодушевување, а овие објави не престануваат да ги коментираат.

Потсетуваме, Кање Вест е верник на евангелистичката црква, додека неговата сопруга ким Кардашија е православен верник. Нивните четири деца се крстени по православни обичаи.

Фото: Ова е Ферари Омологата

Компанијата Ферари претстави уникатен модел под називот Омологата кој во себе има V12 мотор.

Омологата е десета уникатна V12 верзија од Ферари во модерната ера на автомобилите.

Краен резултат е импресивен автомобил инспириран од „GT“ моделите од минатото, кој е лакиран со три слоја „Росо магма“ црвена боја и украсен со карбонски детали.

Рачно изработената алуминиумска шасија и целосно променетата каросерија му даде на моделот 812 Суперфаст целосно нов изглед кој оддава почест на историјата на моделите на Ферари.

Познато е дека 6,5 литарскиот мотор развива 789 коњски сили и тоа е скоро се што се знае за овој автомобил, а во овој момент и цената е исто така непозната.

притисни ентер