Скопски маратон жали за загинатите на Бостонски маратон и повикува на мир

Сојузот на спортови на Скопје – Скопски маратон денеска го осуди терористичкиот акт на маратонот во Бостони изрази жалење поради трагедијата како и сочувство до семејствата на настраданите.




- Маратоните како спортски манифестации не се настани за насилство и терористички напади. Апелираме да се преземат сите мерки во светот да спортските натпревари бидат безбедни за спортистите и љубителите на спортот. Ние сочувствуваме со фамилиите на жртвите и со организаторите на Бостонскиот маратон, изјавија од Сојузот на спортови на Скопје.

Од Скопскиот маратон потсетуваат дека спортските собири како што се маратоните на кои учествуваат натпреварувачи од целиот свет, служат за испраќање порака за мир, пријателство и позитивна енергија.

Во очекување на пронаоѓање на сторителите на терористичкиот чин во Бостон, од Скопски маратон повикуваат на осуда од страна на спортистите и маратоните од целиот свет.

МВР: Приведен разбојник од Арачиново

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар при СВР Скопје, по претходни сознанија за сторени повеќе кривични дела на подрачјето на ЕВР Центар, денеска (26.09) го приведоа С.Ф. (22) од с. Арачиново, скопско.

Тој заедно со уште едно лице, во периодот од март до август оваа година извршил четири кривични дела: две разбојништва, едно разбојништво во обид и една тешка кражба на дрзок начин, стои во соопштението од МВР.

МД „Илинден" го честита Eвропскиот ден на јазиците – мајчиниот јазик е најголемо обележје на националниот идентитет

 Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик.

Македонско друштво „Илинден"-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, Ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочуваат, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, затоа што тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање.

– Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, стои во честитката на Друштвото.

Се додава дека важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на Европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, по иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Од Друштвото посочуваат дека јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент.

И по повод овој ден Друштвото потсетува дека за жал и во 21 век Македонците во Албанија не може да се образуваат на мајчиниот јазик.

– И покрај континураните барања во изминатите три децении од падот на тоталитарниот режим да се овозможи настава на мајчин македонски јазик, сите досегашни албански власти остануваат глуви и слепи на реалноста. Освен за децата во Пустец иако и таму нецелосно, настава на македонски јазик нема ниту во Гора, ниту во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, а да не зборуваме за Тирана, Елбасан и други градови каде што живеат илјадници Македонци, забележува друштвото „Илинден". /МИА

Фото: Кање Вест објави повеќе од 40 православни икони

Кање Вест во повеќе наврати говори дека во последно време се свртел кон религијата, а сега изненади многумина православни верници со објавите на неговиот Твитер налог.

Раперот на својот профил објави преку 40 православни икони, без додатно објаснување, и тоа се го направи во рок помалку од еден час.

Бројни негови фанови кои се од православна вероисповед овој потег го дочекаа со воодушевување, а овие објави не престануваат да ги коментираат.

Потсетуваме, Кање Вест е верник на евангелистичката црква, додека неговата сопруга ким Кардашија е православен верник. Нивните четири деца се крстени по православни обичаи.

притисни ентер