Агенцијата за млади и спорт донираше спортска опрема во ЈУ Завод за деца и млади „ Топанско Поле“

Агенцијата за млади и спорт денеска додели донација во ЈУ Завод за деца и млади „Топанско Поле“ Скопје која се состоеше од фудбалски, кошаркарски, одбојкарски и ракометарски топки, пинг понг маса и пинг понг опрема, шахови, домино, друштвени игри, дигитален апарат, камера и ЛЦД проектор.




Во изминатиот период Агенцијата за млади и спорт донираше спортска опрема во неколку јавни установи за грижа на деца и млади од социјално ранливи групи во општеството.

Новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски истакна дека Агенцијата и понатаму останува посветена на градењето на спортскиот дух кај младите, а особено оние од најранливите категории во општеството.
притисни ентер