Преку 80 натпреварувачи на јубилејниот 45.ти ИКАС

Викендов по 45.ти пат ќе се одржи Илинденскиот кајак слалом - ИКАС, а за оваа манифестација најавени се повеќе од 80 кајакари и кајакарки од осум земји.





Покрај домаќинот Македонија ќе настапат и: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Франција и Словенија.

Олимпиецот од Игрите во Лондон, Динко Мулич како и Јуре Меглич повеќекратниот тимски светски првак, второпласиран на европско и третопласиран на светско првенство се само некои од познатите имиња кои ќе се натпреваруваат на патеката „Матка“ крај Скопје.

Боите на Македонија ќе ги бранат четворица кајакари: Игор Стефановски, Борче Мирчевски, Љупче Спасиќ и Огнен Дражански.

Во сабота се квалификациите, а в недела е финалето на 45.от ИКАС.

Главни покровители на оваа манифестација се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување во градот и населените места. 

-Се менува ниско напонската мрежа, се поставуваат нови канделабри и светилки, а целта е да се заштети електрична енергија, а да се добие подобро осветлување на улиците и јавните површини. На денешната прес конференција од општината информираа и дека граѓаните можат онлајн преку веб страницата на општината да пријавуваат проблеми, но и да закажуваат прием кај градоначалникот Митко Јанчев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе избира нов Ивршен комитет

Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе одржи седница за избор на Извршен комитет на партијата.

Според партиското соопштение, новиот Извршен комитет ќе има помалку членови од актуелниот и ќе содржи неколку нови имиња.

Новиот извршен комитет е дел од пакетот промени кои ги најави и почна највисокото актуелно партиско раководство. По изгласувањето на новиот статут, ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател и нов Извршен комитет на УМС, распиша оглас за избор на нов претседател на унијата на жени, а во меѓувреме беа назначени и нови претседатели во дел од општинските комитети.

Украден мртовец од струмичката болница

Претпладне околу 9 часот група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на болницата, потврди за МИА директорот, д-р Наќе Гогов.

– Се се случи како во хорор филм. Пациент на 49 годиншна возраст бил примен во амбулантата во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. Отако набргу починал дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец. Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи. Веднаш ја алармиравме полицијата, но додека таа да дојде тие веќе заминаа, рече директорот Гогов.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест./МИА.

притисни ентер