Баерн на чекор до полуфиналето, без победник во Париз

Фудбалерите на Баерн Минхен се на добар пат да обезбедат полуфинале во Лигата на шампионите, откако синоќа пред своите навивачи на „Алијанц Арена“ го совлада Јувентус со 2:0.

Головите за германскиот претставник ги постигнаа Давид Алаба во 1.минута и Томас Милер во 63.минута.

И двете екипи имаа свои моменти, Баерн да постигне уште поубедлив триумф, а Јувентус да постигне барем еден погодок. По примениот гол уште во 24.та секунда, гостите од Италија тргнаа во офанзива која траеше десетина минути. Баерн се одбрани, а потоа ја контролираше играта до крајот на првото полувреме.

Домаќинот беше подобар противник и во вториот дел постигнувајќи и втор гол со кој оствари значителна предност пред реваншот во Торино.

Многу понеизвесно беше во Париз каде ПСЖ и Барселона одиграа 2:2. Гостите на двапати водеа, но на крајот останаа и без победа и без најдобриот играч Лионел Меси. Аргентинецот поради повреда на задниот десен бутен мускул не го одигра второто полувреме, а според најавите од каталонскиот клуб, Меси може да отсуствува две до три недели од фудбалските терени.

Токму Меси во 38.минута го постигна првиот гол, Златан Ибрахимовиќ изедначи во 79.минута, Чави од пенал во 89.минута и донесе ново водство на Барселона, а Блеис Матуиди во 90+4.минута ги постави конечните 2:2.

Реваншите ќе се одиграат на 10 април.

Вечерва се играат преостанатите два први четвртфинални натпревара. Двојките се: Малага – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Галатасарај.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

притисни ентер