Обрван: Со игра како на Европското во Србија до добар резултат против Шпанија

Светскиот ракометен шампион утре доаѓа во Скопје. Целта на Македонија е да го натера да си замине со наведната глава.



Шпанија е тим против кој триумф би бил изненадување, но ако одиграме на максимумот од нашите можности како на европското првенство во Србија, а не како на мундијалот, можеме да дојдеме до посакуваниот резултат, вели селекторот Ивица Обрван.

Атмосферата во тимот е на исклучително високо ниво, а ракометарите се во одлична форма во кулминацијата на клупската сезона, што му дава надеж на хрватскиот стратег дека црвената фурија може да биде запрена. За Обрван, натпреварот е само уште еден во борбата да обезбеди пласман на европското првенство, а со слични размислувања е и Филип Миркуловски, за кого пораз не би бил трагедија, но евентуална победа би била епилог на поголемото залагање на македонските ракометари.

Селекторот соопшти дека конечниот состав ќе биде познат утре по одржувањето на вечерниот тренинг, кој ќе му ги разреши преостанатите дилеми.



Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер