Неимар останува во Сантос ?

Еден од најбараните млади фудбалери на светот Бразилецот Неимар откри дека неговиот татко води преговори со Сантос за продолжување на договорот до 2016 година.




За 21 годишниот Неимар заинтересирани се многу европски гиганти ,како Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи.

„Зошто не би останал? Разговорите се во тек, но јас не учествувам во нив, тоа му го препуштив на мојот татко“, изјави Неимар.

Првиот човек на Сантос Луис Рибеиро неодамна најави дека постои можност Неимар да остане во клубот и во 2014 година кога истекува неговиот актуелен договор
притисни ентер