Ф-1: Раиконен во Ред Бул ?

Инцидентот помеѓу Себастијан Фетел и Марк Вебер на трката за Големата награда на Малезија , би можел да предизвика големи промени во тимот на Ред Бул.



Сопственикот на компанијата Дитрих Матешич можеби наговести кој ќе седне зад воланот на неговиот болид во следната сезона.

-Кими Раиконен е смирен и брз возач и е добредојден во нашата екипа, порача Матешич.
И покрај ваквата изјава, сопственикот на ред Бул не сака да го отпише Марк Вебер.
„И Марк е кандидат за 2014 година . сепак само тој знае дали ќе биде со нас и следната сезона. За него вратата на Ред Бул е секогаш отворена“ додаде Матешич.


Вознемирениот Вебер по ваквите информации од Ред Бул , изјави дека пред трката за Големата награда на Кина ќе замина на краток одмор на кој со  сурфањето во родната Австралија ќе ги лечи фрустрациите. 
притисни ентер