Мирко Филиповиќ се повлекува од боречките арени?

Мирко Филиповиќ Кро Коп се уште се двоуми околу неговото повлекување од боречките спортови.



 Легендарниот хрватски кикбоксер пред некоја недела на 38-годишна возраст го освои појасот во К-1, но и покрај тоа што триумфот во неговиот загреб му ја врати самодовербата, изјави дека веројатно би му било најпаметно да се пензионира додека е се уште на врвот.

Филиповиќ изјави дека не сака да наседне на замката да се бори за шака долари и да ја уништи својата репутација, но се уште сонува за победа во У-Еф-Це шампионатот, во кој не успеа да го наметне својот стил на борба. За Кро Коп најголемата титула во неговиот живот е онаа која ја освои во организацијата Прајд пред седум години, кога беше во врвот на својата форма во ММА, а негово евентуално напуштање на спортот би било голема загуба за фановите на боречките вештини.
притисни ентер