Карате клубот „Кожуф“ со златен и бронзен медал во Крагуевац

Kаратистките од карате клубот „Кожуф” од Кавадарци се вратија со златен медал од балканското првенство во карате за деца и младинци кое викендов се одржа во Крагуевац, Република Србија.

- До победничкиот пиедестал стигнавме откако најпрво во првото коло ја победивме репрезентацијата на домаќинот, Србија, со 4:1. Со ист резултат во второто коло ја победивме репрезентацијата на Турција. Во финале репрезентацијата на Грција ја победивме со 5:0, информираше денеска тренерот на клубот, Ивана Аврамова.

Освен овој успех на ката-тимот на клубот, Ивана Муфтарова освои бронзен медал во поединечен натпревар во кати. Освоени се и две петти места, Миа Маневска во натпревар за кати поединечно и Владанка Аврамова во кумите до 35 килограми.

На првенството учествуваа 1.630 натпреварувачи од Албанија, Австрија, Босна, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Македонија, Србија, Турција, Романија, Унгарија, Кипар, Грција, Словенија, рече Аврамова.

Спонзор на од карате клубот „Кожуф” од Кавадарци на балканското првенство во карате за деца и младинци кое викендов се одржа во Крагуевац, Република Србија, беше компанијата „Урбан инвест“.
притисни ентер