Менди потпиша за Вардар СЦБТ

Французинката Клодин Менди им се придружи на своите сонароднички Амандин Лејно и на Сираба Дембеле кои следната сезона ќе го засилат составот на ЖРК Вардар СЦБТ.

Како што јави МИА, левиот бек на француската репрезентација со „црвено-црните“ потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката.

- Со ангажманот на Клодин Менди добиваме големо засилување на бековската позиција. Уште едно големо име во европскиот ракомет се приклучува во нашиот состав што го градиме за следната сезона. Исклучително сме задоволни што преговорите имаа позитивна завршница и очекуваме успешна соработка. Пред нас е еден голем и амбициозен проект и создавањето на силен тим е основата на сето тоа, истакна директорот на ЖРК Вардар СЦБТ, Давор Стојаноски, по потпишувањето на договорот со Менди.

Француската репрезентативка во Скопје ќе се пресели по една сезона помината во дресот на Будуќност од Подгорица. Амбициозниот проект и силниот тим што го создава ЖРК Вардар СЦБТ ја привлекоа Менди да ја продолжи кариерата во Македонија.

- Среќна сум што верувавте во мене и ќе дадам се од себе да ја оправдам таа доверба. Ова е убав проект и јас се гордеам што ќе бидам дел од сето тоа. Ќе играм заедно со големи играчи и се надевам дека ќе научам многу, изјави Менди за официјалната веб страна на клубот.

Досега Менди има настапувано за Будуќност, Авр и Мец. Таа со репрезентацијата на Франција има освоено сребрен медал на СП 2009 во Кина и на СП 2011 во Бразил, 5.место на ОИ во Лондон и 9.место на ЕП 2012 во Србија.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер